Скопје, 17.07.2020 година
ИЗВЕСТУВАЊЕ

Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија и Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP MK) информираат дека се појавени случаи на обиди за измама на апликантите кои учествуваат во програмата за Самовработување, со цел изнуда и незаконско стекнување финансиска корист.

Имено, до Агенцијата за вработување се обратија странки кои известија дека ги контактирало непознато лице од непознат телефонски број, кое им барало извесна сума (процент од грантот), со ветување дека со сигурност ќе им бидат доделени финасиските средства.

Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија и Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP MK)се оградуваат од овие постапки и ги охрабруваат странките за вакви и слични случаи веднаш да ја известат Агенцијата за вработување.

Овој случај е веќе пријавен и пред надлежните органи.