Невработените лица преку инфо-средби се информираат за Оперативниот план 2019
Центрите за вработување започнаа со организација на информативни средби за да ги запознаат невработените лица со можностите кои ги нуди Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2019 година.
Центрите за вработување Куманово, Штип и Делчево беа организатори на инфо-средби кои ќе продолжат да се одржуваат во сите Центри за вработување во земјава.

