Пребарувај
MK
|
AL
|
EN
Toggle navigation
Мени
Насловна
За нас
АВРСМ денес
Историјат
Информации од јавен карактер
Заштита на лични податоци
Заштитено внатрешно пријавување во АВРСМ
Евиденции од надлежност на АВРСМ
Контакти
Документи
Закони
Правилници
Програма на АВРСМ
Годишни извештаи
Оперативен план
Публикации
Национална класификација на занимања
Јавни набавки
Набавки
Статут
Кодекс за административни службеници
Буџет на АВРСМ
Обрасци
Инфо
Информации од АВРСМ
Вработувања во АВРСМ
Проекти
Гаранција за млади
Активација на ранливи групи на пазарот на трудот
IPA 2007-2013
новости
Промотивни активности
Контакт
09.06.2021
ДЕМИРИ: Благодарницата од ОРМ е признание за нашата посветена соработка со работодавачите
Директорот на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија Абдуш Демири денес присуствуваше на свеченото собрание на Организацијата на работодавачи и дебатата на тема „Македонската економија пред и по пандемијата“.
На настанот на кој учествуваа Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, Министерка за труд и социјална политика Јагода Шахпаска и Директорот на Канцеларијата на МОТ за Централна и Источна Европа Маркус Милгрим, Организацијата на работодавачи и додели на АВРСМ Благодарница за соработка.
-Оваа благодарница е од големо значење за Агенцијата за вработување и претставува призанание за нашата посветеност во соработката со работодавачите кои се еден од главните приоритети во работењето на агенцијата. Целта на АВРСМ е да биде клучниот медијатор за поврзување на понудата и побарувачката на работната сила, а со тоа да влијае на унапредувањето на функционирањето на пазарот на трудот во земјата. –истакна директорот на АВРСМ Абдуш Демири.