Скопје 03.11.2021
Голем интерес за учество и висока реализација на Оперативниот план за вработување за 2021 година
Реализацијата на Оперативниот план за вработување за 2021 година беше тема на денешната работна средба на директорот на АВРСМ Абдуш Демири и министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска. На средбата која се одржа во просотриите на АВРСМ учествуваа и стручните служби на двете институции вклучени во реализацијата на Оперативниот план како и претставници на УНДП кои се вклучени во имплементација на дел од активните мерки.
Стручните служби на АВРСМ информираа дека Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот за 2021 година заклучно со денес бележи 85 проценти на реализација. Невработените лица и работодавачите најголем интерес изразиле за мерките кои водат до директно вработување како програмата Самовработување и мерката Субвенционирање на плати, додека од обуките за невработените лица најатрактивни се покажале обуките за возачи за Ц и Д категорија како и Обуките за напредни ИТ вештини.
На состанокот беа разменети и мислења и предлози за унапредување на мерките и програмите кои се имплементираат, со цел во наредниот Оперативен план за 2022 година да се вклучат програми и мерки кои ќе бидат од најголема корист за невработените лица и работодавачите.