20.08.2021
Известување
Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија ги информира корисниците на услугите на институцијата, дека дисперзираните канцеларии на Центарот за вработување Скопје, лоцирани во Кисела Вода и Ченто привремено нема да бидат во функција.
Дисперзираната канцеларија во Кисела Вода нема да работи од 23.08.2021 до 03.09.2021 година, додека дисперзираната канцеларија во населбата Ченто нема да работи од 23.08.2021 година до 10.09.2021 година.
Ги повикуваме граѓаните кои ги користат услугите на овие дисперзирани канцеларии, за да ги добијат потребните услуги од доменот на работата на АВРСМ да се обратат во најблиските дисперзирани канцеларии или пак во Центарот за вработување на Град Скопје.
Во прилог го доставуваме линкот со локациите на сите дисперзирани канцеларии на Центарот за вработување на Град Скопје.
Локации на дисперзираните канцеларии