07.03.2022

Мурати : Учесниците во програмата Економија на грижа на долг рок ќе бидат од голема корист за заедница

Директорот на Агенцијата за вработување Беким Мурати денес учествуваше на конференцијата насловена како „Силни жени- Силни заедници“ посветена на програмата Економија на грижа која е дел од Оперативниот план за 2021 година. На настанот на кој присуствуваа министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска, амбасадорката на Република Швајцарија во Република Северна Македонија, Вероник Хулман и постојаниот претставник на УНДП во РСМ Армен Григорјан беше истакната важноста на улогата која жените ја имаат во заедницата и потребата од формално признание и награда на нивниот труд.

„Верувам дека невработените лица кои ќе се вклучат во оваа програма на долг рок ќе бидат од голема корист за заедница и ќе овозможат помош и поддршка на нивните сограѓани на кои таа им е најпотребна и со тоа ќе им го направат животот поубав и посреќен. Подадената рака на болните и изнемоштени лица нема цена.Агенцијата за вработување е горда што е дел од Оперативниот план и што заедно со своите партнери има можност да допринесе во подобрување на квалитетот на живот на корисниците на нејзините услуги.“- истакна директорот на АВРСМ Мурати.

На настанот беа доделени и договори за шест ново формирани невладни организација  со кои што и официјално стануваат дел од активностите за испорачување на социјални услуги на локално ниво. Со програмата Економија на грижа, во првата година ќе се опфатат околу 600 крајни корисници на национално ниво, а ќе бидат отворени околу 130 работни позиции претежно за жени.

Во рамки на порограмата 190 невработени лица ќе имаат можност да поминат верификувани обуки за неговател/ка – асистент/ка во неколку области и со тоа потоа да се вработат во социјалните сервиси создадени и раководени од невладините организации – провајдери на услугата како партнери на МТСП и АВРСМ.

Преку оваа програма ќе се постигнат две многу важни цели: обезбедување нови вработувања и зголемување на вработливоста кај ранливите невработени лица, а во исто време и испорачување социјални услуги реализирани во локалните заедници.