06.03.2023
Соопштение за исплатата на финансиската поддршка за ранливи категории на граѓани
Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, ги известува граѓаните дека паричните средства за корисници на финансиска поддршка за справување со енергетската криза, ќе бидат исплатени на 13.03.2023 година.
Списокот на корисници на паричните средства за финансиска поддршка за справување со енергетската криза ќе се објави на 6-ти март 2023 година на веб страната на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија (невработени лица - корисници на право на материјално обезбедување во вид на паричен надоместок).
Списокот се објавува со цел граѓаните да можат да извршат проверка, а доколку лицето не е на списокот, а смета дека ги исполнува условите како корисник на право, може да поднесе приговор до Комисијата за одлучување по приговори за финансиска поддршка при Министерството за труд и социјална политика, во рок од три дена од денот на објавувањето на списоците на корисници на финансиската поддршка.
Приговорот може да се поднесе преку архивата на Министерството за труд и социјална политика или преку електронската пошта mtsp@mtsp.gov.mk
Списокот на корисници на паричните средства за финансиска поддршка за справување со енергетската криза, ќе биде отстранет од веб страната на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија по истекот на три дена од денот на објавувањето.
повеќе...Скопје, 26.10.2022

Денес директорот на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, г. Беким Мурати, заедно со министерката за труд и социјална политика, г-а Јована Тренчевска и со заменичката постојана претставничка на УНДП, г-а Сања Бојаниќ, ја промовираа мерката „Поддршка за креирање на нови работни места преку зелени инвестиции“.
Република Северна Македонија е една од државите потписнички на Декларацијата за зелена агенда за Западен Балкан, со која државите се обврзаа да спроведат исти мерки за борба против загадувањето и климатската криза како земјите членки на Европската унија.
Целта на мерката е да се придонесе кон поттикнување за создавање нови работни места во процесот на трансформација на приватниот сектор кон „зелена економија“.
Со мерката се предвидува финансиска поддршка во вид на грант за 100 нови вработувања и истата изнесува од 205.000 денари до 615.000 денари, зависно од бројот на одобрени вработувања кај работодавачи од приватниот сектор, кои се заинтересирани за отворање на нови работни места и зелени инвестиции, односно воведување на зелени производи, услуги, технологии или процеси.
Средствата се наменети за финансирање на нови деловни инвестиции насочени кон транзиција кон зелена економија, при што ќе бидат поддржани набавки на нови машини, алати, опрема за обновливи извори на енергија, специјализиран софтвер и слични основни средства, како и опрема и материјали за енергетска ефикасност.
Поддршката е за набавка исклучиво на нова опрема односно материјали, а работодавачите можат да додадат сопствени средства кон доделената финансиска поддршка за набавка, доколку вредноста на набавката го надминува предвидениот износ на грантот.
07.10.2022
Врачување на договори за учество во програмата Самовработување во Штип
Директорот на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, г. Беким Мурати и Министерката за труд и социјална политика, г-а Јована Тренчевска, денес во Центарот за вработување Штип ги врачија договорите на одобрените апликанти од Штип за учество во програмата Самовработување.
Програмата за Самовработување се реализира континуирано од 2007 година и има за цел да се поттикне претприемништвото и да поддржи креирање на почетни бизниси, што ќе обезбедат одржливи вработувања, бидејќи поддршката на успешните претприемачи за создавање микро и мали претпријатија, претпоставува генерирање на нови вработувања.
Како дел од Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2022 година, оваа програма се одвива низ неколку фази и има за цел да поддржи најдобри идеи и бизнис планови кои водат кон одржливи резултати.
Директорот Мурати изрази задоволство од покажаниот интерес на голем број на учесници во оваа активна мерка за вработување и уверување дека Агенцијата за вработување и понатаму ќе спроведува активности, водејќи се првенствено од интересот и потребите на невработените лица и работодавачите
08.04.2022
Мурати по повод Светскиот ден на Ромите : Во Оперативниот план за прв пат оваа година се воведува квота за опфатеност на Роми

Директорот на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија Беким Мурати, заедно со претставници на Владата, Собранието и Ромски невладини организации денес учествуваше на тематска дискусија во Владата на РСМ организирана по повод Светскиот ден на Ромите.
Тој потенцираше дека со цел зголемување на можноста на Ромите за интеграција на пазарот на трудот во Оперативниот план за прв пат оваа година ќе се настојува да се постигне зголемување на опфатот на Роми во активните мерки за вработување и услуги со воведување на квота од 5% за опфатеност на Роми
повеќе...29.03.2022
Промовиран Оперативниот план за 2022 : Обезбедени 1,8 милјарди денари за поддршка за вклучување на пазарот на трудот за околу 15 000 невработени лица

Околу 15 000 невработени лица ќе добијат можност да се вклучат на пазарот на трудот преку активните програми и мерки за вработување предвидени со Оперативниот план за 2022 година кој денес беше промовиран од страна на директорот на Агенцијата за вработување Беким Мурати, министерката за труд и социjaлна политика Јована Тренчевска и постојаниот преставник на УНДП во РСМ Аремен Григорјан.
Директорот на Агенцијата за вработување Беким Мурати потенцираше дека активните мерки и програми кои ќе се имплементираат во 2022 година се издржани и докажани активности за унапредување на состојбата на пазарот на трудот кои успешно се имлементираат во развиените земји во Европа.
повеќе...07.03.2022
Мурати : Учесниците во програмата Економија на грижа на долг рок ќе бидат од голема корист за заедница
Директорот на Агенцијата за вработување Беким Мурати денес учествуваше на конференцијата насловена како „Силни жени- Силни заедници“ посветена на програмата Економија на грижа која е дел од Оперативниот план за 2021 година. На настанот на кој присуствуваа министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска, амбасадорката на Република Швајцарија во Република Северна Македонија, Вероник Хулман и постојаниот претставник на УНДП во РСМ Армен Григорјан беше истакната важноста на улогата која жените ја имаат во заедницата и потребата од формално признание и награда на нивниот труд.
повеќе...03.03.2022
Отворена дисперзирана канцеларија на Центарот за вработување Скопје во општина Арачиново

Денес во општина Арачиново беше отворена дисперзирана канцеларија на Центарот за вработување Скопје, со цел доближување на услугите кои ги нуди Агенцијата за вработување до невработените лица и нивна поголема информираност за активностите кои ги имплементира институцијата.
На свеченото отворање присуствуваa директорот на АВРСМ Беким Мурати и градоначалникот на општина Арачиново Ридван Ибраими.
повеќе...25.05.2022
Mурати : Инклузијата на лицата со попреченост на пазарот на трудот е клуч за подобрувањето на квалитетот на нивното живеење

Директорот на Агенцијата за вработување Беким Мурати, денес учествуваше на тркалезната маса на тема "Премостување на јазот: Вработување на лицата со попреченост" организирана во рамки на Проектот за поддршка на модернизацијата и деинституционализацијата на социјалните услуги, поддржан од Европската Унија.
Мурати во своето обраќање ја истакна посветената работа на Агенцијата за вработување во насока на унапредување на положбата на пазарот на трудот на ранливите категории на невработени лица, меѓу кои спаѓаат и лицата со попреченост.
повеќе...07.12.2021
Реконструиран Центарот за вработување Тетово

Шефот на Кабинетот на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија Фатмир Сабриу и претставници на стручните служби на АВРСМ денеска го посетија Центарот за вработување Тетово кој беше комплетно реконструиран. Со тоа објектот доби современ лик и значително се зголеми неговата функционалност од која директен бенефит ќе имаат корисниците на услугите на АВРСМ.
повеќе...01.12.2021
Известување
Aгенцијата за вработување на Република Северна Македонија информира дека дел од услугите во надлежност на АВРСМ може да ги добиете по електронски пат на Националниот портал за Е- услуги www.uslugi.gov.mk.
Во прилог Ви доставуваме информација за услугата Пријава од потреба за работник (ППР) која е достапна за онлајн аплицирање.
Пријава за потреба од работник (ППР) е образец преку кој работодавачот ја изразува својата потреба од работник и преходи на пријавата на работниот однос - Пријава во задолжително социјално осигурување (М1) .
Услугата е достапна на следниот линк :
https://uslugi.gov.mk/service/pri%d1%98ava-za-potreba-od-rabotnik-ppr-do-agenci%d1%98a-za-vrabotuvanje-na-rsm-174419.11.2021
СООПШТЕНИЕ
Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија информира дека повторно ќе објави јавни огласи за мерките 2.1. Субвенционирање на плати и 2.2. Вработување и раст на правни субјекти, кои се дел од Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување на пазарот на трудот за 2021 година, и истите ќе бидат објавени на 22.11.2021 година (понеделник).
Невработените лица и работодавачите кои се заинтересирани за учество во овие програми и мерки ќе можат повторно да аплицираат во 30-те Центри за вработување во Република Северна Македонија.
Скопје 03.11.2021
Голем интерес за учество и висока реализација на Оперативниот план за вработување за 2021 година
Реализацијата на Оперативниот план за вработување за 2021 година беше тема на денешната работна средба на директорот на АВРСМ Абдуш Демири и министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска. На средбата која се одржа во просториите на АВРСМ учествуваа и стручните служби на двете институции вклучени во реализацијата на Оперативниот план како и претставници на УНДП кои се вклучени во имплементација на дел од активните мерки.
повеќе...27.10.2021
Директорот на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија Абдуш Демири, денес учествуваше на онлајн менаџерската конференција организирана од страна на Центарот за Јавни служби за вработување на земјите од Југоисточна Европа(CPESSEC). На конференцијата учествуваа и претставници на Светската асоцијација за јавни служби за вработување (WAPES), како и претставници на Европскиот секретаријат на Јавните служби за вработување (EU PES Network Secretariat). Дваесетата конференција на CPESSEC организирана оваа година од страна на Агенцијата за вработување на Република Хрватска беше одржана на тема„Иднината на работата и вработувањето после Ковид 19 кризата“.
-Пандемијата предизвикана од вирусот Ковид 19 го промени начинот на живеење за секој од нас, а директно влијаше и предизвика промени на пазарот на трудот, денешната тема e вистински предизвик за сите нас тука и верувам дека размената на меѓународните искуства на оваа тема ќе биде од големо значење и помош за сите земји учесници во надминување на негативните ефекти и последици врз пазарот на трудот – потенцираше Директорот на АВРСМ Абдуш Демири при своето обраќање.
Пред земјите учеснички на конференцијата директорот на АВРСМ Демири ги презентирааше активните програми и мерки за вработување кои се дел од Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2021 година, кои овозможуваат поддршка за невработените лица и работодавачите кои биле засегнати од негативните последици предизвикани од Ковид 19 кризата.
На крајот на менаџерската конференција знамето на CPESSEC беше предадено од страна на директорот на Агенцијата за вработување на Република Хрватска Анте Лончар до дирeкторот на АВРСМ Абдуш Демири, со што Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија официјално беше назначена за претседавач на менаџерската и експертската конференција на Центарот за Јавни служби за вработување на земјите од Југоисточна Европа(CPESSEC) за 2022 година.
07.09.2021
Известување
Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија ги информира корисниците на услугите на институцијата, дека дисперзиранaта канцеларија на Центарот за вработување Скопје, лоцирана во Гази Баба привремено нема да биде во функција.
повеќе...20.08.2021
Известување
Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија ги информира корисниците на услугите на институцијата, дека дисперзираните канцеларии на Центарот за вработување Скопје, лоцирани во Кисела Вода и Ченто привремено нема да бидат во функција.
Дисперзираната канцеларија во Кисела Вода нема да работи од 23.08.2021 до 03.09.2021 година, додека дисперзираната канцеларија во населбата Ченто нема да работи од 23.08.2021 година до 10.09.2021 година.
повеќе...09.08.2021
Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија ги информира корисниците на услугите на институцијата, дека дисперзираната канцеларија на Центарот за вработување Скопје, лоцирана во општина Бутел нема да работи поради реконструкција.
Дисперзираната канцеларија ќе биде ставена во функција и ќе започне со работа кога ќе финишираат градежните работи.
Ги повикуваме граѓаните кои ги користат услугите на оваа канцеларија лоцирана во општина Бутел, за да ги добијат потребните услуги од доменот на работата на АВРСМ да се обратат во дисперзираната канцеларија во општина Чаир или пак во Центарот за вработување на Град Скопје.
03.08.2021
Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата е објавен во Службен Весник на Република Северна Македонија бр.174, на 30.07.2021 година и е во сила од денот на објавувањето.
Право на паричен надоместок, согласно овој закон, може да оствари невработено лице кое ќе поднесе барање до Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, каде што е евидентирано, во рок од 30 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон.
Агенцијата за вработување, правото на паричен надоместок, го утврдува врз основа на лично барање на невработеното лице.
Скопје,30.07.2021
Потпишан меморандум за соработка за поддршка на претприемачи Роми
Со цел промовирање на развојот на претприемништвото и зголемување на пристапот до финансирање на претприемачи Роми во Република Северна Македонија, денес во Владата на РСМ во присуство на Претседателот на Владата Зоран Заев и Заменик-претседателот на фондациите отворено општество Алекс Сорос, директорот на Агенцијата за вработување Абдуш Демири потпиша Меморандум за соработка со министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска и Петрика Дулгеру-Иницијатава за економски развој на Ромите РЕДИ.
повеќе...Скопје,28.07.2021
Дигитализацијата на услугите на АВРСМ- тема на работната средба помеѓу Демири и Шаќири

Директорот на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија Абдуш Демири денес оствари работна средба со Министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири. Акцент на средбата беше ставен на превземање на активности за воведување на дигитализација на услугите на АВРСМ и обезбедување на поддршка од страна на МИОА при реализација на реформата која ќе ги направи услугите на АВРСМ полесно достапни за граѓаните.
повеќе...Скопје,19.07.2021
Демири и Шахпаска придружени од стручните служби на работна средба во АВРСМ
Со цел зајакнување на соработката помеѓу Агенцијата за вработување и Министерството за труд и социјална политика и обезбедување на ефикасни, навремени и квалитетни услуги за граѓаните, денеска стручните служби на двете институции предводени од директорот на АВРСМ Абдуш Демири и министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска остварија работна средба.
повеќе...Тетово,08.07.2021

Со цел размена на информации за понудата и побарувачката на работна сила и намалување на невработеноста во земјава, Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија претставувана од директорот Абдуш Демири денес потпиша меморандум за соработка со Нормак Инвестмент Гроуп - Технолошко индустирската развојна зона Тетово, претставувана од генералниот директор Александар Зарков.
повеќе...Скопје,07.07.2021
Зајакнување на капацитетите за поддржано вработување на млади

Вработувањето е еден од клучните фактори кои даваат насока на животната патека по која младите ќе чекорат, потенцираше директорот на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија Абдуш Демири кој денес се обрати на on-line работилницата во рамки на проектот „Пилотирање на услуги за поддршка за вработување на млади лица во Република Северна Македонија“, поддржан од Австиската Влада и УНДП.
повеќе...Струга,01.07.2021
Демири: Свесни за важноста која вработувањето ја има врз креирањето на иднината на младите посветено работиме на нивно вклучување на пазарот на трудот
Денес во Струга директорот на Агенцијата за вработување Абдуш Демири имаше свое обраќање на Националната работилница за креирање на позициски документ со препораки за подобрување на мерките за младинско вработување организирана од Коалицијата за младински организации СЕГА.
Директорот Демири ја истакна важноста на гласот на младите и нивните предлози за подобрување на на младинските политики. Во своето обраќање Демири вработувањето го посочи како прв предизвик со кој се соочуваат младите лица откако ќе го заокружат образовниот процес кој дава насока на животната патека по која ќе чекорат. Тој потенцираше дека токму затоа младите лица се една од главните целни групи во Оперативните планови за вработување кои ги имплементира АВРСМ кои содржат активни програми и мерки кои водат до директни вработувања и мерки кои ја зголемуваат вработливоста на невработените лица.
повеќе...Kуманово,30.06.2021

Директорот на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија Абдуш Демири денеска го посети Центарот за вработување Куманово кој доби нов модерен лик и е комплетно реконструиран.
Центарот за вработување Куманово доби нова фасада на зградата, беше променета кровната конструкција и прозорците, со што се зголеми енергетската ефикасност на целиот објект. Набавен беше и котел на пелети кој значително ќе ги намали трошоците на греење на објектот кој досега се греше на струја, а реновирана беше и водоводната и канализациската мрежа.
повеќе...Скопје,09.06.2021

Директорот на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија Абдуш Демири денес присуствуваше на свеченото собрание на Организацијата на работодавачи и дебатата на тема „Македонската економија пред и по пандемијата“.
На настанот на кој учествуваа Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, Министерка за труд и социјална политика Јагода Шахпаска и Директорот на Канцеларијата на МОТ за Централна и Источна Европа Маркус Милгрим, Организацијата на работодавачи и додели на АВРСМ Благодарница за соработка.
повеќе...Тетово,27.05.2021
Демири: Младите се иднината и клуч за напредокот и просперитетот на државата
Денеска, во Тетово, директорот на АВРСМ, Абдуш Демири, заедно со американската амбасадорка г-ѓа Кејт Мари Бирнс, ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) Акадeмик Проф. Д-р Абдилменаф Беџети и градоначалничката на Тетово г-ѓа Теута Ариф, беa дел од панел дискусија фокусирана на вработувањето и вработливоста на младите.
повеќе...25.05.2021

Најатрактивните програми и мерки од Оперативниот план 2021, за кои изминатиов период имаше најголем интерес, од денес повторно им се достапни на граѓаните, информираа на денешната прес-конференција министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска и директорот на Агенцијата за вработување, Абдуш Демири.
Двајцата говорници потенцираа дека на ваков начин, граѓаните и работодавачите добиваат уште една дополнителна шанса да аплицираат за програмата Самовработување, мерката Субвенционирање на плати, мерката Практиканство, мерката Обука на работно место за познат работодавач и програмата Јавни Работи.
повеќе...Скопје,20.05.2021

Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија информира дека јавните огласи за програмата Самовработување, мерката Субвенционирање на плати, мерката Практиканство, мерката Обука на работно место за познат работодавач и програмата Јавни Работи, кои се дел од Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2021 година, ќе бидат реобјавени на 25.05.2021 година (вторник) и истите ќе траат до 28.05.2021 година(петок).
повеќе...Скопје 11.03.2021
Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги за пазарот на трудот оваа година изнесува 1,5 милијарди денари и со него ќе бидат опфатени 10.279 лица, информираа на прес-конференција заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, директорот на Агенцијата за вработување Абдуш Демири и постојаната претставничка на Програмата за развој на ОН, Нарине Сахакјан.
повеќе...Скопје, 18.02.2021 година
Директорот на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија Абдуш Демири денес одржа прес-конференција во Владата на РСМ со цел да апелира до јавноста и граѓаните за важноста на почитувањето на законските рокови за пријава во евиденција на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија.
повеќе...Скопје, 04.02.2021
Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија ги информира сите невработени лица дека согласно законските прописи имаат обврска да ги запазуваат роковите за редовно пријавување - на секои 30 дена за невработените лица (активни баратели на работа) , односно на секои 6 месеци за другите лица кои бараат работа (пасивни баратели на работа).
повеќе...01.02.2021
Реформата во системот за социјална заштита со воведувањето на Гарантирана Минимална Помош (ГМП), опфаќа засилено активирање на корисниците на ГМП. Проектот “Активација на ранливи групи на пазарот на трудот” имплементиран од страна на Агенцијата за Вработување на Република Северна Македонија, финансиран од Европска унија, треба да даде поддршка на новиот пристап за активирање, согласно со потребите на ранливите групи невработени лица, како што се корисниците на ГМП, како и други тешко вработливи лица (пр. долгорочно невработени лица, или лица кај кои постои ризик да бидат долгорочно невработени, лица со ниски квалификации, лица кои се соочуваат со потешкотии да се вклучат на пазарот на трудот и други).
повеќе... Скопје, 15.01.2021
Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска заедно со директорот на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, Абдуш Демири денеска одржаа прес-конференција на која ја презентираа реализацијата на Оперативниот план за активни мерки и програми за вработување за 2020 година.
повеќе... Скопје,19.11.2020 година
Директорот на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, Абдуш Демири денес оствари прв работен состанок со Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска.
повеќе...Скопје, 15.05.2020 година
Работни места и во услови на здравствено-економска криза предизвикана од КОВИД-19
Aктивните мерки за вработување отвораат работни места и во услови на здравствено-економска криза предизвикана од КОВИД-19. Со финансиска помош за вработување на невработени лица во висина од над 236 милиони денари подржани се 1.223 нови вработувања. Оперативниот план за вработување и во овие исклучително тешки услови се покажува како функционална рамка за отворање нови работни места која успешно го ублажува ударот на кризата и го олеснува опоравувањето на економијата.
повеќе...Скопје, 12.05.2020 годинa


Оперативниот план на активните мерки и програми за вработување при Агенција за вработување и МТСП, во партнерство со UNDP MK, поддржана од Embassy of Switzerland in North Macedonia 2020 се имплементира приспособен на вонредните околности.
повеќе... Скопје, 11.05.2020 година

170 лица кои досега испорачува услуги за околу 1500 стари лица низ 26 општини го продолжаат својот ангажман и во текот на месец мај. Со тоа, и најзагрозените граѓани од нашите општини ќе бидат непречено снабдувани со намирници и лекови, и ќе добиваат помош за вршење на нивните административни обврски. Повеќе информации за типот на услуги од секоја општина може да најдете на www.pomagame.mk
повеќе...Скопје, 10.05.2020 година

Директорката на Агенцијата за вработување Билјана Јовановска во интервју за МИА вели дека бројот на невработени во март и април бележи зголемување што беше очекувано, но оти охрабруваат податоците за објавените слободни работни места од страна на работодавачите.
повеќе...Скопје, 08.05.2020 година
Агенција за вработување на Република Северна Македонија денес изврши исплата на средствата за паричен надоместок за 15075 лица кои се корисници на паричен надоместок согласно Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност и корисници на право на материјално обезбедување во вид на паричен надоместок согласно Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата.
Вкупниот износ на исплатените средства за месец април 2020 година изнесува 149.060.942,00 денари
Скопје, 07.05.2020 година

Преку мерката Субвенционирање на плати, која е дел од Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот 2020 година, досега се вработија 926 лица кај 701 работодавач од приватниот сектор, за кои денес Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија исплати 207.765.000,00 денари
повеќе...Скопје 22.04.2020
На приближно 14000 лица им овозможивме да ги преточат својата бизнис идеја и бизнис план во одржливо вработување преку Програмата за самовработување, која веќе деценија наназад успешно ја спроведуваме во соработка со UNDP MK и Министерство за труд и социјална политика.
повеќе...
Скопје,07.04.2020 година
Соопштение
📌 Ги информираме сите невработени лица и работодавачи дека од 08.04.2020 година приемот на странки во центрите за вработување ќе биде од 08:30 до 13:30 часот.Оваа промена е согласно Одлуката за утврдување на распоред на работното време во Владата на Република Северна Македонија, министерствата и другите органи на државната управа објавена во „Службен весник на Република Северна Македонија“, бр.92 /2020 од 06/04/2020, според која работното време на институциите е од 08:00 до 14:00 часот, како и воведување на забрана на движењето за сите граѓани на ниво на целата територија на Република Северна Македонија, секој работен ден, од понеделник до петок, од 16:00 часот до 05:00 часот наредниот ден.
☎ За сите дополнителни прашања, може да не контактирате на телефонскиот број (02) 3111850, електронскта пошта info@av.gov.mk, како и на нашата facebook страна.
Скопје,13.02.2020

Директорката на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија - Билјана Јовановска, заедно со заменичката на претседателот на Владата за економски прашања - Мила Царовска, дополнителната заменик-министерка за труд и социјална политика - Санела Шкријељ и постојаната претставничка на УНДП во Република Северна Македонија - Нарине Сахакјан, денес во Владата на Република Северна Македонија одржаа средба со претставници на организациите на работодавачите и синдикалните организации, со цел промоција на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2020 година. Притоа, Директорката Билјана Јовановска ги презентираше овогодишните активни програми и мерки за вработување, изразувајќи уверување за нивна успешна имплементација.
повеќе...Скопје, 11.02.2020
Информативна работилница за новините во Програмата за Самовработување
Програмата за Самовработување, како една од најатрактивните програми за вработување на невработените лица, овозможува финансиска поддршка при започнување на сопствен бизнис. Во рамките на подготовките за успешна имплементација на програмата и оваа година, денес, во организација на УНДП, се одржа информативна работилница за новините во програмата, на која учествуваа претставници од центрите за вработување на АВРСМ и УНДП. На работилницата свои воведни обраќања имаа Директорката на АВРСМ, Билјана Јовановска, како и постојаната претставничка на УНДП во Република Северна Македонија, Нарине Сахакјан, кои ја истакнаа значајноста на оваа програма за развојот на претприемништвото меѓу невработените лица. Јавниот повик за учество во програмата ќе биде објавен во најскоро време, и тоа во дневниот печат, како и на веб-страната и фејсбук страната на АВРСМ.
Скопје 26.01.2020
Преку 11 илјади и 700 невработени граѓани ќе бидат опфатени со Оперативниот план за активните програми и мерки за вработување и услуги за пазарот на трудот, за кој во 2020 година се издвоени рекордни 1,45 милијарди денари, информираа на прес конференција претседателот на Владата Оливер Спасовски, заменичката на претседателот на Владата задолжена за економски прашања Мила Царовска, дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ и директорката на Агенцијата за вработување Билјана Јовановска.
повеќе...