31.01.2022

ИЗВЕСТУВАЊЕ

за промена на начинот на пристап до системот е-Работа


Почитувани корисници на е-Работа,


Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија подготвува промена на  начинот на пристап до системот е-Работа преку интегрaција со системот за единствена најава eID[1] на Министерството за информатичко општество и администрација.

Еден корисник на е-Работа секогаш ќе се најавува со свое лично корисничко име, без разлика дали користи услуги за  физичко или правно лице. Предуслови кои треба да бидат исполнети се:

  • Да има еID на ниско ниво и
  • Да има корисничко име како физичко лице во Системот за единствена најава (СЕН) на МИОА. Детално упатство за начините на регистрација на СЕН се наоѓа на следниот линк: https://uslugi.gov.mk/register.nspx  

Корисничкото име со кое лицето е регистрирано во СЕН ќе се користи и за најава во системот е-Работа. 

Правните лица од приватниот сектор, покрај горенаведените услови, потребно е уредно да пополнат и заверат образец - Овластување за пристап за лицата кои во име на правниот субјект ќе имаат пристап до системот е-Работа и истиот да го достават во надлежниот центар за вработување. Образецот за овластување може да се најде на следниот линк https://e-rabota.av.gov.mk/Upatstvo/Obrazec_Ovlastuvanje_Rabotodavac.doc

Со новиот начин на пристап нема да бидат потребен дигитален сертификат (токен).

Физичките лица кои пристапуваат до системот е-Работа за да користат услуги наменети за физички лица, доволно е да имаат еID на ниско ниво и корисничко име на СЕН, со што по автоматизам им се доделува соодветно овластување.

Агенцијата за вработување дополнително ќе извести за точниот датум на примената на новиот начин на пристап до системот е-Работа, но за да бидете подготвени за промената и да немате прекин во користење на услугите, потребно е навремено да креирате корисничко име на СЕН, а доколку сте правно лице од приватниот сектор, да доставите и пополнет образец - Овластување за пристап во надлежниот центар за вработување.

 За повеќе информации и прашања можете да се обратите на телефон 02 3 111 850 со избирање на еден од следните локали: 5005, 5006, 5007 и 5033, од понеделник до петок од 12 до 15 часот.




[1] Систем за електронска идентификација со кој се докажува идентитетот на лицата при аплицирање за електронски услуги во институции