Општата цел на проектот е да се намали долгорочната невработеност и зависноста од гарантиран минимален приход, со ефективно вклучување на ранливите групи, особено корисниците на гарантиран минимален приход, на пазарот на трудот, преку нивно вклучување во специјализирани програми и услуги за развој на вештини.  Проектот има 2 компоненти:

СИМ Програма за советување и мотивација

СИМ Програмата за советување и мотивација е наменета да го поттикне и помогне процесот на вклучување на корисниците на гарантиран минимален приход во обуки и други активни мерки за вработување и со тоа да ја олесни инклузијата на овие лица на пазарот на трудот.
Оваа компонента / програма се состои од два типа на поддршка:

1. Поддршка преку советување (пред лицата да се вклучат во активна мерка за вработување), со цел да им се помогне на корисниците на гарантиран минимален приход во процесот на нивното активирање и интегирање на пазарот на трудот, со очекуван опфат од 1200 лица.

2. Менторска поддршка (во период кога корисникот се вклучува во обука или друга активна мерка за вработување), со цел да овозможи детекција на личните и професионални бариери и потешкотии со кои се соочуваат корисниците за време на процесот на обука или вработување и идентификување на фактори и причини кои го отежнуваат интегрирањето на корисникот во средина каде се спроведува обуката или вработувањето, со очекуван опфат од 1200 лица.

Програма за поддршка за вработување преку обуки
Програма за поддршка за вработување чија што основна цел е подобрување на вештините и знаењата на корисниците на гарантиран минимален приход со помош на обуки, практична работа и субвенционирано вработување, со цел да се олесни инклузијата на овие лица на пазарот на трудот.
Оваа компонента / програма се состои од три мерки:

 1. Обука за побарувани занимања на пазарот на трудот, со очекуван опфат од 1200 лица.

 Целта на мерката е да се зголеми вработливоста на невработените лица преку стекнување знаења и вештини за занимања барани на пазарот на трудот. На лицата опфатени со оваа мерка ќе им се обезбеди соодветен паричен надоместок.

 2. Обука на работно место (обука кај познат работодавач), со очекуван опфат од 400 лица.

Целта на оваа мерка е на невработените лица, корисници на гарантиран минимален приход, да им се обезбеди практично искуство при извршување на работни задачи согласно барањата на работодавачите и поддобрување на нивната вработливост. На лицата опфатени со оваа мерка ќе им се обезбеди соодветен паричен надоместок. Соодветен надоместок е предвиден и за работодавачите доколку вработат лица од целната група.

3. Субвенционирано вработување (субвенционирање на плати), со очекуван опфат од 400 лица.

Целта на оваа мерка е да се обезбеди финансиска поддршка за креирање на нови работни места и вработување на невработени лица кои се корисници на гарантиран минимален приход, со уплата на средствата кон работодавачот, како субвенција на платата на вработеното лице и покритие за направените трошоци за подготовка на лицето во работен однос.


 Проектот „Активација на ранливи групи на пазарот на трудот“ е со времетрање од 36 и започна да се спроведува од 20 септември 2019 година. Вкупен буџет на проектот е 4.191.401,00 евра, од кои 3.000.000,00 евра ќе бидат обезбедни од страна на Делегацијата на Европската Унија / ИПА; 349.768,00 евра од Национално кофинансирање и 841.633,00 евра од буџетот на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија.