КОЈ НЕ МОЖЕ ДА ОСТВАРИ ПРАВО НА ПАРИЧЕН НАДОМЕСТОК
Невработеното лице на кое работниот однос му престанал поради:
- давање писмена изјава за престанок на работниот однос (освен ако таквата изјава е дадена поради промена на местото на живеење на брачниот другар или склучување на брак);
- спогодбен престанок на работен однос;
- остварува права од работен однос спротивно на закон;
- престанок на работен однос по сила на закон (освен во случај на престанок на правното лице поради стечај);
- отказ од страна на работодавачот поради кршење на работниот ред и дисциплина;
- одбивање да работи на работи на кои е распореден во согласност со закон;
- одбивање да биде преземан со спогодба кај друг работодавец;
- одбивање обука, преквалификација или доквалификација;
- губење на работната способност, согласно прописите за пензиското и инвалидското осигурување и
- исполнување услови за остварување право на пензија.
Невработеното лице нема да може да оствари право на паричен надоместок, а доколку е корисник на паричен надоместок, ова право ќе му престане доколку:
- основа трговско друштво, претпријатие или друго правно лице;
- врши занаетчиска, односно професионална дејност.