ОДЈАВУВАЊЕ ОД РАБОТЕН ОДНОС ВО СЛУЧАЈ НА ОТВОРАЊЕ НА ЛИКВИДАЦИЈА НА ПРАВНИОТ СУБЈЕКТ

Кај правниот субјект што е во ликвидација, работниот однос на вработените им престанува со денот на уписот на отворање на ликвидација во трговскиот регистар при Централен регистар на РМ.

На управителот во друштвото во ликвидација, работниот однос му престанува со денот на уписот во трговскиот регистар, а не со денот на завршена постапка за ликвидација, со оглед дека неговите функции ги презема ликвидаторот. Со оглед дека ликвидатор не е професија, истиот неможе да биде вработен како ликвидатор и да ги остварува правата и обврските од работен однос, како ликвидатор.

За одјавување од работен однос при отворена постапка за ликвидација на правниот субјект, се доставува:

    решение за отворање на ликвидација на правниот субјект од Централен регистар на РМ;
    овластување на овластено лице со список на лица кои ги одјавува;
    електронскиот образец М1/М2 испечатен од системот.