зАПИРАЊЕ НА ПАРИЧНИОТ НАДОМЕСТОК


Паричниот надоместок запира да се исплатува доколку невработеното лице е:
-    на отслужување доброволен воен рок;
-    во притвот или издржување на казна затвор до шест месеци;
-    на привремен престој надвор од Република Македонијадо до 12 месеци, а претходно писмено ја известил Агенцијата за вработување;
-    работно ангажиран над 30 дена за вршење на јавни работи и
-    работно ангажиран или врши дејност.

    По престанокот на горенаведените причини, продолжува исплатата на паричниот надоместок за преостанатото време за кое на невработеното лице му е признато право на паричен надоместок.
    Доколку, кај невработеното лице корисник на паричен надоместок настане некоја од горенаведените причини, должно е да ја извести, односно да поднесе Барање за запирање на исплатата на паричен надоместок до центарот за вработување каде е евидентирано како невработено лице и остварува право на паричен надоместок (барањето задолжително се заверува во архивата на Центарот за вработување).
    Врз основа на барањето Центарот за вработување донесува решение за запирање на правото на паричен надоместок.
    Доколку Агенцијата односно центарот за вработување утврди настанување на некоја од горенаведените причини за запирање на исплатата на паричниот надоместок, по службена должност ќе донесе решение со кое исплатата на паричниот надоместок на невработеното лице се запира.
    По истекот на времето за кое е запрена исплатата на паричниот надоместок, невработеното лице лично се евидентира како невработено лице и поднесува писмено Барање за продолжување на исплатата на паричниот надоместок во центарот за вработување од каде му се исплатува паричниот надоместок.
    Барањето за продолжување на правото на исплата на паричниот надоместок се поднесува во рок од 3 дена од денот на истекот на рокот утврден со решението за запирање на паричен надоместок. Доколку барањето се поднесе по истекот на рокот од три дена, на невработеното лице не му се продолжува правото на паричен надоместок, односно му престанува правото на паричен надоместок и службеното лице донесува решение за престанок на правото на паричен надоместок.
    При поднесување на барањето за продолжување на паричен надоместок, барателот е должен да достави: важечка лична лична карта (на увид), контролен картон за евидентирање и решението со кое му е запрено правото на паричен надоместок во фотокопие (оригинал на увид).
    Доколку барањето за продолжување на запрениот паричен надоместок се поднесе во утврдениот рок од 3 дена, правото на паричен надоместок продолжува да го користи од денот на поднесувањето на барањето за преостанатото време за кое на невработеното лице му е признато право на паричен надоместок (во висина на паричниот надоместок кој го остварувал пред да биде донесено решението за запирање).