
#Шанса за сите
Голем интерес за учество и висока реализација на Оперативниот план за вработување 2020
Оперативниот план за активни мерки и програми за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2020 година до сега бележи висока реализација од 89,5 %.
Интересот за учество во активните мерки и програми за вработување е голем и од страна на невработените лица и од страна на работодавачите, како за програмите и мерките кои водат до директно вработување така и за обуките кои ја зголемуваат вработливоста на невработените лица.
Со Програмата Самовработување (Претприемништво) која е наменета за невработените лица кои сакаат да започнат свој бизнис поддржано е отворање на 1468 нови бизниси. Со мерките кои овозможуваат директна подршка за отворање на нови работни места Субвенционирање на плати се вработиле 1883 лице, додека со мерката Вработување и раст на правни субјекти се вработиле 532 лице.
Невработените лица покажаа и интерес за учество во обуките предвидени во Оперативниот план кои се спроведуваат со цел да се подобрат нивните вештини и квалификации за посупешна интеграција на пазарот на трудот.
Особено интересни за нив беа Обуките за побарувани занимања на пазарот на турдот во кои учествуваат 332 лица и се стекнуваат со вештини за работа како заварувач, службеник во книговотство, готвач, фризер, ракувач со виљушкар и сл, како и Обуките за возачи Ц и Д категорија во кои учествуваат 50 лица.
Најатрактивни за младите лица пак се Обуките за развој на дигитални вештини во кои учествуваат 394 лица.
Една од најбараните програми која е дел од Оперативниот план е програмата Практиканство во која учествуваат 1545 млади лица до 34 години кои имаат можност да се стекнат со практични вештини на работно место и со тоа да ја зголемат нивната конкурентост на пазарот на трудот.
Целосна искористеност се бележи и на програмите за поголема социјална вклученост на потешко вработливите лица на пазарот на трудот односно програмата Општинско корисна работа и програмата Јавни работи. Преку овие програми потешко вработливите лица стекнуваат вештини преку задоволување на потребите од социјални услуги на локално ниво, проекти од инфраструктурата и заштита на животната средина на локално ниво. Преку двете програми работно се ангажирани 1000 лица.
Со младинскиот додаток, кој исто така е дел од Оперативниот план за вработување 2020 преку кој се поттикнувааат вработувања на младите лица во дејностите на производството и земјоделие по завршување на средното образование и истовремено се придонесува кон подобрување на нивниот животен стандард, како и задоволување на потребите на работодавачите од соодветно квалификувана работна сила опфатени се 3271 младо лице.
Вкупно со Оперативниот план за 2020 година, од предвидените 11 596 лица, досега се опфатени 10 381 лица.
За реализација на овој Оперативен план предвидени се рекордни 1.488.024.259,00 денари.
Со новиот ревидиран Оперативен план предвидени се и програмите за Самовработување и формализација на постојни бизниси во услови на Ковид како и програмата Вработување и раст на правни субјекти кои создаваат нови работни места во услови на Ковид 19, кои ќе бидат стартуваат откако за нив ќе бидат обезбедени соодветни финансиски средства.