02.02.2022

Директорот на АВРСМ Мурати заедно со премиерот Ковачевски и министерката Тренчевска во посета на компанијата „Меџикс“ - корисник на мерки од Оперативниот план за вработување

Директорот на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија Беким Мурати  придружуван од премиерот Димитар Ковачевски и министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денес ја посетија компанијата „Меџикс“ која скоро четири години успешно работи во дејноста на компјутерското програмирање, а е основана со поддршка на програмата Самовработување која ја имплементира АВРСМ .

Премиерот Ковачевски, министерката Тренчевска и директорот Мурати при посетата го изразија своето задоволство од високата релаизација на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2021 година од 94,6 проценти потенцирајќи дека една од најуспешните мерки биле токму Обуките за развој на дигитални вештини кои забележаа 100 % реализација и преку кои 400 невработени лица се стекнаа со дигитални вештини со што се зголеми нивната конкуреност на пазарот на трудот.

„Финансиската поддршка на Владата во перспективни компании и стартапи во ИКТ секторот ќе продолжи и ќе расте. Секое ново работно место во оваа индустрија значи добро платена позиција, сигурна кариера и развој на младите и конечно развој на економијата и раст на животниот стандард во земјата”, истакна премиерот Ковачевски.

 Компанијата „Меџикс“ која  успешно работи во дејноста на компјутерското програмирање освен поддршката за основање од програмата Самовработување е корисник и на дополнително вработување поддржано со Оперативниот план за невработено лице кое скоро четири години активно е вклучено на пазарот на трудот преку вработувањето во оваа фирма.