Работна средба на директорот на АВРСМ, Абдуш Демири со лидерот на тимот на ЕПТИСА, Марија Маринаку

   

Директорот на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија Абдуш Демири денес оствари работна средба со Марија Маринаку лидерот на тимот ЕПТИСА за проектот „Поддршка за модернизација и деинституционализација на социјалните услуги“.

Фокус на средбата беше имплементацијата на проектот „Поддршка за модернизација и деинституционализација на социјалните услуги“ со цел полесна интеграција на пазарот на трудот на лицата со попреченост.

Директорот на АВРСМ Демири изрази подготвеност и најави дека Агенцијата за вработување ќе биде сериозен партнер кој посветено ќе работи на изнаоѓање на начин за решавање на проблемите со кои се соочуваат лицата со попреченост при вклучување на пазарот на трудот.