07.09.2021
Известување
Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија ги информира корисниците на услугите на институцијата, дека дисперзиранaта канцеларија на Центарот за вработување Скопје, лоцирана во Гази Баба привремено нема да биде во функција.
Ги повикуваме граѓаните кои ги користат услугите на оваа дисперзирана канцеларија, за да ги добијат потребните услуги од доменот на работата на АВРСМ да се обратат во најблиските дисперзирани канцеларии или пак во Центарот за вработување на Град Скопје.
Во прилог го доставуваме линкот со локациите на сите дисперзирани канцеларии на Центарот за вработување на Град Скопје.
Локации на дисперзираните канцеларии