Директорот на АВРСМ, Абдуш Демири на работен состанок со министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска


Директорот на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, Абдуш Демири денес оствари прв работен состанок со Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска.
Во фокус на средбата се разговараше за високиот процент на успешноста во реализацијата на Оперативниот план 2020 година , еден од приоритетите во работењето на АВРСМ, мерките финансирани од Европските фондови како и проектот Гаранција за млади, проект кој нашата земја го имплементира 3 година по ред како прва држава која не е членка на ЕУ.
На состанокот и двете институции се согласија дека потребата од заедничка вкученост и посветеност на МТСП и АВРСМ во креирањето политики и реализација на програмите, мерките и услугите на пазарот на трудот , се од особено значење за невработените лица и бизнис секторот, особено во делот на обезбедување и поддршка на нови работни места како и зголемување на вработливоста на невработените лица