Пребарувај
MK
|
AL
|
EN
Toggle navigation
Мени
Насловна
За нас
АВРСМ денес
Историјат
Информации од јавен карактер
Заштита на лични податоци
Заштитено внатрешно пријавување во АВРСМ
Евиденции од надлежност на АВРСМ
Контакти
Документи
Закони
Правилници
Програма на АВРСМ
Годишни извештаи
Оперативен план
Публикации
Национална класификација на занимања
Јавни набавки
Набавки
Статут
Кодекс за административни службеници
Буџет на АВРСМ
Обрасци
Инфо
Информации од АВРСМ
Вработувања во АВРСМ
Проекти
Гаранција за млади
Активација на ранливи групи на пазарот на трудот
IPA 2007-2013
новости
Промотивни активности
Контакт
Тетово,08.07.2021
Потпишан меморандум за соработка помеѓу АВРСМ и ТИРЗ Тетово
Со цел размена на информации за понудата и побарувачката на работна сила и намалување на невработеноста во земјава, Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија претставувана од директорот Абдуш Демири денес потпиша меморандум за соработка со Нормак Инвестмент Гроуп - Технолошко индустирската развојна зона Тетово, претставувана од генералниот директор Александар Зарков.
-„Зајакнување на формите за соработка со сите институции кои можат да бидат сојузници во нашата основна цел намалување на невработеноста е приоритет во нашето работење. Токму затоа го потпишавме овој меморандум со кој ќе се воспостави директна комуникација помеѓу двете институции со цел креирање на заедничка поддршка на постоечките, а воедно и на потенцијалните домашни и странски инвеститори во Технолошко-индустирската развојна зона Тетово“. -истакна директорот на АВРСМ Абдуш Демири.
Директорот на Нормак Инвестмент Гроуп АД Тетово- Технолошко индустирската развојна зона Тетово, Александар Зарков ја истакна важноста на поддршката која ТИРЗ Тетово со овој меморандум ќе ја добие.
- „Потпишувањето на Меморандумот за соработка помеѓу Нормак Инвестмент Гроуп / ТИРЗ Тетово и Агенцијата за вработување ќе овозможи подобра меѓусебна соработка во насока на разменa на информации за понудата и побарувачката на работна сила и заеднички придонес за намалување на невработеноста, поготово во Полошкиот регион. Оваа соработка директно ќе вилјае на олеснување на процесот за вработување за потенцијалните баратели на работа од различни профили.“- потенцираше генералниот директор на Нормак Инвестмент Гроуп Александар Зарков.
Агенцијата за вработување продолжува посветено работи на својата мисија успешно да посредува на пазарот на трудот преку развој на високо квалитетни услуги според потребите на клиентите, со усовршување на сопствените знаења, вештини и способности и воспоставување на партнерски односи со учесниците на пазарот на трудот.