28.07.2021

Дигитализацијата на услугите на АВРСМ- тема на работната средба помеѓу Демири и Шаќири

Директорот на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија Абдуш Демири денес оствари работна средба со Министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири. Акцент на средбата беше ставен на превземање на активности за воведување на дигитализација на услугите на АВРСМ и обезбедување на поддршка од страна на МИОА при реализација на реформата која ќе ги направи услугите на АВРСМ полесно достапни за граѓаните.

Тема на состанокот беше и имплементацијата на платформата интероперабилност која им овозможува на институциите да обработуваат и разменуваат податоци едни со други , а со тоа граѓаните да добијат побрзи и поефикасни услуги.

Министерот Шаќири на средбата му ги предаде на директорот Демири потврдите за интеграција на АВРСМ во системот на Централниот регистар на население и со тоа АВРСМ ќе има директен пристап до податоците на Централниот регистар на население.