Скопје,07.07.2021
Зајакнување на капацитетите за поддржано вработување на млади

Вработувањето е еден од клучните фактори кои даваат насока на животната патека по која младите ќе чекорат, потенцираше директорот на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија Абдуш Демири кој денес се обрати на on-line работилницата во рамки на проектот „Пилотирање на услуги за поддршка за вработување на млади лица во Република Северна Македонија“, поддржан од Австиската Влада и УНДП.
Дел од работилницата која има за цел да ги закајне капацитетитe на државата за поддржано вработување на млади беа и заменик министерот за труд и социјална политика Енвер Хусејин, австрискиот аташе Харалд Фугер и проектниот менаџер на УНДП Ромела Поповиќ Трајкова, како и граѓанските организации партнери на проектот.
-Нашите вработени преку презентациите на експерти од Австрија имаа прилика да се запознаат со моделите за работа, користените алатки, систем за мониторинг, стандарди за услугите за поддржано вработување, како и други активности кои се спроведуваат во Аврстрија, преку вмрежување и соработка на различните институции во земјата. Сето ова споделено знаење е од голема корист за нашата институција.-истакна директорот на АВРСМ Демири.