ПОЛИТИКА ЗА КОЛАЧИЊА - „COOKIES”
Колачињата се мали текстуални датотеки кои се запишуваат вашиот компјутер или мобилен уред при посета на некоја веб страна. Колачињата чуваат информации за вашите поставки во веб прелистувачот, како на пример: јазик, големина на фонт како и самиот факт дека веќе сте посетиле одредени страници. На тој начин при повторна посета на истата страница не мора повторно да ги поставувате. Некои од колачињата се неопходни за функционирање на страниците, а некои служат и за собирање статистички податоци.
Во поголемиот број прелистувачи можете генерално да спречите користење на колачиња, со што понатаму поединечно за секоја веб страна можете да ги поставувате вашите преференци. Притоа, можно е некои веб страни или нивни делови да не функционираат.
Веб страницата на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија ги користи следните типови колачиња: колаче за зачувување на ваши поставки при посета на страницата, колаче за најава на е-Работа (без кое тој дел од веб страната не може да функционира) и колаче кое служи за статистички анализи.
Сите информации кои се запишуваат во колачињата, Агенцијата ќе ги користи исклучиво за потребите на web услугата или за статистички потреби и тоа на начин на кој вашата приватност нема да биде загрозена. Доколку вашите лични податоци треба да бидат запишани во колачињата, тоа ќе биде со ваша претходна согласност.