ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ
Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија ја препознава важноста на приватноста и затоа обезбедува заштита на личните податоци добиени по било кој основ, а кои автоматски или рачно се обработуваат при користење на било кои услуги од Агенцијата.
Политиката за приватност на Агенцијата e заснована врз Законот за заштита на лични податоци.
Агенцијата ги презема пропишаните технички и организациски мерки за заштита на личните податоци во текот на своето работење.
Законски дефинираните надлежности на Агенцијата како јавен сервис за услуги од пазарот на трудот вклучуваат и обработка на лични податоци кои рачно или електронски се обработуваат во текот на работните процеси. За обработката на личните податоци при користење на услуги од Агенцијата, лицата даваат своја согласност со потпишување на изјава при нивното прво доаѓање во Агенцијата.
Доколку Агенцијата разменува лични податоци со трети лица (други државни и јавни институции и органи, правосудни органи и субјекти кои имаат законски основ да користат податоци од Агенцијата), тоа се прави исклучиво за остварување на законски утврдените надлежности.
При секоја посета на веб-страната на Агенцијата и при регистрација и користење на системот е-Работа се прави запис од страна на веб-серверот (во т.н. log-files) на Вашата IP адреса и технички детали за Вашата посета (сесија) на веб-страната. Овие записи служат за заштита на нашиот систем.
Освен ова, на Вашиот компјутер се запишуваат и т.н. колачиња за кои Агенцијата има посебна политика и која можете да ја најдете на линкот: Политика за Web колачиња
Внимателно прочитајте ја оваа Политика за приватност. Вашето користење на веб-страната и користење на системот е-Работа значи прифаќање на оваа Политика за приватност.
Доколку не се согласувате со условите наведени во оваа Политика за приватност, Ве молиме не користете ја веб-страната на Агенцијата.
Оваа Политика за приватност не се однесува на веб-страни кои сте ги посетиле преку некој од линковите поставени на нашата веб-страната.