Анкета за потреба од вештини на пазарот на трудот
Целта на aнкетното истражување е да се обезбедат одредени краткорочни показатели за очекувањата на работодавачите во однос на новите вработувања и потребите од вештини со кои треба да располагаат лицата, како истите би можеле да бидат конкурентни на пазарот на трудот.Податоците добиени од работодавачите од приватниот сектор кои имаат 7 и повеќе вработени се насочени кон добивање на информации за потребите од нови вработувања во наредните 6 до 12 месеци; потребите од занимања на планираните нови вработувања и потребите од вештини со кои треба да располагаат кандидатите за планираните нови вработува. Резултатите добиени од анкетното истражување претставуваат основа за креирање на активни програми и мерки за вработување, кои имаат за цел да ги подигнат вештините на невработените лица заради зголемување на нивната конкурентност на пазарот на трудот и да придонесат во создавање на услови за подобро функционирање на истиот, преку вкрстување на понудата и побарувачката од соодветно квалификувана работна сила. Резултатите од истражувањето се користат и во образовниот систем при конципирање на уписните политики и при креирање на нови образовни програми за занимања усогласени со потребите на пазарот на трудот.Истражувањето придонесува и за зголемување на соработката и довербата меѓу работодавачите и Агенцијата за вработување.Анкетата базира на примерок од работодавачи од приватниот сектор со седум и повеќе вработени, стратифициран според регион и сектор на дејност на работодавачот. Во примерокот се вклучени сите средни и големи работодавачи, а останатите се бираат по случаен избор до исполнување на планираниот опфат. 


Резултати од спроведената Анкета за потреби од вештини на пазарот на трудот за 2023 година