Скопје, 11.02.2020

Информативна работилница за новините во Програмата за Самовработување

Програмата за Самовработување, како една од најатрактивните програми за вработување на невработените лица, овозможува финансиска поддршка при започнување на сопствен бизнис. Во рамките на подготовките за успешна имплементација на програмата и оваа година, денес, во организација на УНДП, се одржа информативна работилница за новините во програмата, на која учествуваа претставници од центрите за вработување на АВРСМ и УНДП. На работилницата свои воведни обраќања имаа Директорката на АВРСМ, Билјана Јовановска, како и постојаната претставничка на УНДП во Република Северна Македонија, Нарине Сахакјан, кои ја истакнаа значајноста на оваа програма за развојот на претприемништвото меѓу невработените лица. Јавниот повик за учество во програмата ќе биде објавен во најскоро време, и тоа во дневниот печат, како и на веб-страната и фејсбук страната на АВРСМ.