Општата цел на проектот е да се интегрираат младите на пазарот на трудот. Целта е да се зголемат можностите за вработување на младите лица до 29 години преку зголемување на нивното работно искуство, вработливоста и поддршката за (само) вработување. Проектот има 4 компоненти:

Практиканство како поддршка за вработување на младите лица на возраст до 29 години

Целта е да се подобрат перспективите за вработување на младите лица, а притоа да се земат предвид тековните потреби на пазарот на трудот. Невработените лица ќе бидат вклучени во тримесечна програма за стажирање со цел стекнување прво работно искуство во областа на нивното образование, специфичните професионални знаења и вештини за работа. Очекуван резултат е подобрување на перспективите за вработување на 1000 невработени млади луѓе.

Обуки за вештини што се бараат на пазарот на трудот

Целта на оваа компонента е да се обучат младите невработени лица за професионалните вештини што се бараат на пазарот на трудот. Обуките ќе се вршат во период до четири месеци и ќе вклучуваат теоретска и практична обука. Очекуван резултат е на обуките да учествуваат 220 невработени лица. Обуките за напредни ИТ вештини се исто така дел од обуките за вештини што се бараат на пазарот на трудот. Целта е да се унапредат ИТ вештините на регистрираните активни млади баратели на работа со соодветно образование. Обуките за ИТ програмирање ќе се спроведат во период до шест месеци. Очекуван резултат е  на обуките за вештини за работа што се бараат на пазарот на трудот да учествуваат 220 невработени лица.

Обука и советување за претприемништво 

Целта е да се создадат нови можности за вработување на невработените лица преку обука и советување за претприемништво и бизнис менаџмент. Учесниците ќе посетуваат обука и советување во времетраење до 45 часа, во што ќе бидат вклучени теоретски дел и советување. Очекуван резултате е да бидат обучени 950 невработени лица што се заинтересирани да отворат свој бизнис. 

Обука за вештини за барање работа и подготвеност  

Целта на оваа компонента е да се подготват за работа невработените лица со умерени или значителни тешкотии тоа да го сторат и да се подобрат нивните вештини за барање работа.  Учесникот ќе посетува два вида обуки (долги, со траење од 25 часа) и кратки (10 часа) во зависност од својата припадност во категорија. Очекуван резултат е во обуката за вештини за барање работа и подготвеност да се вклучени 1400 невработени лица