Твининг проект ,,Зајакнување на капацитетите за ефективно имплементирање на законодавството на Европската Унија во сферата на слободно движење на работниците"
Донaтор: Национална ИПА Програма ТАИБ 2010, Твининг договор
Времетраење на проектот: 24 Февруари 2014 – 24 Август 2015
Краток опис на проектот Главна цел на проектот е да ги подготви националните институции за успешно имплементирање на обврските кои произлегуваат од членството во ЕУ во сферата на слободно движење на работниците. Цел на проектот е да ги зајакне институционално и административно капацитетите на институциите за координација на системите за социјална сигурност (социјално осигурување) и учество во ЕУРЕС (Европскиот Портал за Вработување).Со цел да се постигнат резултатите на проектот, проектот ќе се имплементира преку три компоненти,секоја составена од низа активности.
Компонента 0 се фокусира на промоција на самиот проект, преку организација на промотивен настан за отворање на проектот, финален настан за затворање на проектот и промоција на постигнатите резултати и креирање на веб страна на проектот.
Компонента 1 се фокусира на подобрување на административните капацитети и процедури како и соработката меѓу институциите инволвирани во координација на социјалната сигурност (осигурување). Компонентата ќе биде спроведена од две нивоа, национално (соработка помеѓу македонските институции) и интернационално (соработка со други членки на ЕУ и ЕУ администрацијата). Активности кои ќе бидат имплементирани во рамки на Компонента 1, се организација на тренинг активности за вработените кои се инволвирани и работат на полето на социјалната сигурност, имплементирање на работни посети на Шветска и Холандија. Како резултат институциите дирекно инволвирани во имплементација на законодавството на ЕУ во рамки на слободно движење на работниците и координација на социјалната сигурност, ќе бидат подготвени да ги исполнат должностите поврзани со нив.
Главна цел на Компонента 2 е да ги подобри капациетите и административните процедури во полето на поддршка на мобилноста на работниците во рамките на ЕУ како и создавање на ЕУРЕС услуги. Една од главните активности ќе биде ревизија на регулативите на оваа поле и приспособување кон законодавството на Европската Унија, како и креирање на стратешка насока кон полно членство во ЕУ во истата сфера.